Пукање на универзитет во Флорида, неколку повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку шест лица се хоспитализирани денеска, од кои едно критично, по пукањето на Државниот универзитет во Флорида, а полицијата го приведе осомничениот за нападот, објавија американските медиуми.

Пукањето се случило околу пладне во зградата на Студентскиот сојуз на универзитетскиот кампус во главниот град на Флорида, Талахаси.

На студентите и на вработените им беше препорачано да се евакуираат на безбедно.

Повеќе од 42.000 студенти посетуваат настава на главниот кампус.

Блиската болница, Tallahassee Memorial HealthCare, соопшти дека примила шест пациенти, еден во критична состојба, а другите во тешка состојба.

Осомничениот за нападот е приведен веднаш по пукањето, изјавија два полициски извори за Си-Ен-Ен.