Пукање во Чаир: Едно лице повредено!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пукање вечерва во скопската населба Чаир, дознава ТВ21.

Според информациите, едно лице е рането и е пренесено на укажување лекарска помош во Градската болница.

Денешното пукање во Чаир се поврзува со групата Барон.

Пред само неколку дена се случи престрелка во Чаир во близина на маркетот Веро во која беше повреден 19-годишен скопјанец.

Оваа вест е во развој…