Попладнево има пукање во близина на Стадион Чаир.
Според информациите на ТВ21, има повеќе повредени лица.
Еден од повредените е итно пренесен во Kлиниката „Св. Наум Охридски“.
„Денеска (02.12.2024) од ГОБ “Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. “Кемал Сејфула” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за ТВ21.