Пукање во Масачусетс, има повеќе жртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во американската сојузна држава Масачусетс истражува пукање со повеќе жртви во центарот на Хољок, јавуваат американските медиуми.

Голем број градски полицајци и војници од државата Масачусетс се на терен.

Полицијата го блокираше сообраќајот во центарот на градот, јавуваат локалните медиуми.

Малиот град Хољок, со околу 38.000 жители, се наоѓа на околу 140 километри од Бостон.