Пукање во Приштина: Убиено едно лице, било во автомобил со македонски таблички

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа во Косово е убиено лице во автомобил со македонски регистарски ознаки.

Според косовската полиција, жртвата е државјанин на Северна Македонија.

„Известено е дека засега непознат сторител пукал кон жртвата маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежните полициски единици излегле на местото на настанот, при што било забележано дека во автомобил со регистерска табличка на Република Северна Македонија има лице, за кое одговорниот лекар констатирал дека лицето е без знаци на живот“, се наведува во полицискиот извештај.

На околу еден километар од местото на инцидентот, пронајден е опожарен автомобил со германски регистарски таблички, со кој се сомнева дека пријавените избегале од местото.

По наредба на државен обвинител, мртвото тело на жртвата е испратено на обдукција, а случајот продолжува да се истражува.