Пукање во Русија, напаѓачи убиле тројца полицајци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во главниот град на руската република Дагестан, непознати лица убиле тројца полицајци, објавија руските медиуми.

Според првичните информации, нападот се случил на раскрсницата на улиците Керимова и Магомедтагирова. Напаѓачите одеднаш отвориле оган врз полициска патрола, а потоа избегале од местото на злосторството со службеното возило на убиените полицајци. Еден од напаѓачите беше убиен.

„Двајца непознати мажи нападнаа сообраќајна патрола и отворија оган врз полицајците. Полицајците загинаа“, се вели во објавата на Телеграм каналот „112“.

Идентитетот на напаѓачите засега не е познат, а во тек е интензивна потрага. Властите потврдија дека напаѓачите украле полициско возило и избегале од местото на нападот.