Пукање во САД, убиени десет лица меѓу кои осум деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Властите на државата Лузијана објавија дека осум деца биле убиени во семеен спор. Пукањето се случило во неделата околу 6 часот наутро во градот Шривпорт. Жртвите биле на возраст од 1 до 14 години.

Началникот на полицијата Вејн Смит соопшти дека вкупно 10 лица биле усмртени.

Челниците рекоа дека и натаму се собираат докази од местото на злосторството, кое се протега на три локации. Смит рече дека осомничениот за нападот е убиен во полициска престрелка во текот на потера со автомобил.