Пукање во Шведска, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку три лица се убиени во пукотница во фризерски салон во градот Упсала, потврди шведската полиција.

Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот.

Пукањето се случило во пресрет на прославата на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.

Голем дел од областа е ограден, а истрагата е во тек. Портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, за локалните медиуми изјави дека добиле повеќе пријави за истрели во областа.

Според описот објавен од полицијата, човекот по кој трагаат носел очила за сонце и темна облека.