Германија е во опасност од нови поплави откако пукна една од браните на реката Рур.
Претходните денови во поплавите што ја погодија Германија загинаа 133 лица, а стотици се водат како исчезнати.
Браната пукнала во близина на градот Офовен и околу 700 жители се веќе евакуирани.
Во најголема опасност се и местата Ефелд и Стајкирчен, кои имаат повеќе од 1.500 жители.
Како причина за пукањето на браната се наведува затворањето на каналите од холандска страна и зголемувањето на нивото на водата.
