Пуштена во употреба реконструираната Стара чаршија во Гевгелија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реконструираната Стара чаршија во Општина Гевгелија е пуштена во употреба, со што е обновен значаен дел од локалната инфраструктура и културното наследство на градот.

За настанот информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека Владата останува посветена на реализација на проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните, развој на туризмот и поттикнување на локалниот економски развој.

„Како Влада, остануваме посветени на унапредување на локалната инфраструктура и зачувување на културното наследство, вложувајќи во проекти што значат подобри услови за граѓаните, развој на туризмот и економски напредок на општините“, наведе Мицкоски.

Реконструкцијата на Старата чаршија има значење и од аспект на зачувувањето на препознатливите обележја на Гевгелија, а обновениот простор се очекува да придонесе и за поголема туристичка атрактивност на општината.