Во Градскиот парк во Скопје, денеска беше пуштена во употреба и втората тартан патека, наменета за спортистите рекреативци, како и за професионалните спортисти, атлетичари.
Патеката е во должина од над 800 метри, и се наоѓа околу големото езеро.
На отворањето присуствуваше и градоначачникот Петре Шилегов.
„Градот Скопје официјално ја пушти во употреба втората тартан патека, со вкупна должина 840 метри. Ќе може да се користи и во ноќните часови, затоа што има лед осветлување. Се спојуваат и со пократката, па така може да направме круг од 1000 метри.“, рече Шилегов.
