Пуштена втора делница од Кичево – Охрид, Мицкоски: Овој автопат има стратешко значење за земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пуштена втората делница од автопатот Кичево – Охрид во должина од 17 километри. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека по една деценија застој во кој претходната влада го запоставила овој проект, сега има резултати, бидејќи како што истакна овој автопат има исклучително значење за нашата земја.

-Автопатот Кичево – Охрид е од стратешко значење за нашата земја, тој е главна артерија за поврзување на Југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид, град кој е не само наш туристички бисер, туку и светско културно наследство. Со овој автопат Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот и нова перспектива за економијата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот за транспорт Александар Николоски истакна дека оваа делница од Климештани до Охрид заедно со претходно пуштената од околу 20 километри претставува повеќе од половината од целиот автопат кој е завршен. До крајот на идната година останува да биде завршен и целиот автопат рече Николоски.

-Би сакал да посакам овој автопат што повеќе да се користи, да носи што повеќе туристи во Охрид и во Струга, да носи што повеќе бизнис кој што ќе оди не само кон овој дел од државата но исто така и преку Коридорот 8 ќе оди кон соседна Албанија и ќе ја поврзува Македонија со пристаништето во Драч, изјави Александар Николовски, министер за транспорт и врски.

Само во рок од една година повеќе од 50 посто овој автопат го добива своето конечно решение, истакна Коце Трајановски, директор на Државни патишта. Трајановски рече дека ова била една од најтешките делници со кои се соочиле.

-Поради тоа што се прави на постоен асфалт на постоен патен премин на кој што не знам колку пати има скренување лево – десно, лево- десно за да може од обичен пат да се направи автопатска делница и вториот проблем кој што беше огромен а тоа е што поминува низ 5 населени места, изјави Коце Трајановски, директор на Државни патишта.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид започна во февруари 2014 година а должината на трасата е 57 километри. Првичниот рок за изградба беше јуни 2018 година, но неколкупати е одложуван, поради, а од првичниот договор од 373 милиони евра, сумата досега порасна до над 600 милиони евра.