Путин до Вулин: Го чекаме Вучиќ на форумот БРИКС

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток. Српскиот министер пренесе лична порака од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На почетокот на разговорот Путин изразил надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ја процени можноста за соработка меѓу Белград и рускиот Далечен Исток.

„Се надевам дека вашето службено патување во секој случај ќе биде успешно и корисно, ќе можете внимателно да ги разгледате и оцените можностите за соработка со толку голем и перспективен регион на Руската Федерација како Далечниот Исток“, рече тој.

Како што истакна, Русија игра значајна улога во обезбедувањето на енергетските испораки на Србија со одлични услови за Белград.

„За жал, што се однесува до трговските и економските врски, забележуваме благ пад на обемот на трговската размена, знам дека вие во Владата на Србија се занимавате со овие прашања“, рече Путин на средбата.

Вучиќ го очекуваме на форумот на БРИКС во Казан, истакна Путин.