Путин го разреши министерот за одбрана Шојгу, јавуваат светските агенции.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека назначувањето на Андреј Белоусов за министер за одбрана нема да ја промени воената стратегија на земјата, бидејќи таа е под надлежност на Генералштабот.
„Што се однесува до воената компонента, ова назначување никако нема да го промени досегашниот систем на координација, воената компонента отсекогаш била привилегија на началникот на Генералштабот, таа ќе продолжи со своите активности, засега не се предвидуваат никакви промени во овој поглед“, изјави Песков за новинарите, коментирајќи го поднесувањето на претседателската кандидатура на Андреј Белоусов за функцијата министер за одбрана.
На прашањето на новинарите дали Белоусов ќе добие воен чин, Песков одговори: „Ова не е најважно во моментов. Зборуваме за тоа дека цивил стана министер за одбрана“.
