Путин го уверил Вучиќ дека Србија ќе има доволно гас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговараше со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Рускиот претседател даде гаранции дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно количества гас оваа зима, јави дописникот на МИА од Белград.

-Претседателот Путин го увери претседателот Вучиќ дека Русија ќе се придржува до договорот и дека Србија ќе има доволно гас оваа зима, се вели во соопштението од прес службатат на срспкиот претседател, во кое се додава дека двајцата преседатели разговарале и за аранжман кој обезбедува дополнителни количини на гас.

Вучиќ му се заблагодарил на Путин за испораката на противоклопните ракети Корнет, оценувајќи дека „тие ракети од руско производство се најдобри во светот и дека претставуваат големо засилување за војската на Србија“, се истакнува во соопштението.

Вучиќ и Путин констатираа дека економските врски меѓу Србија и Русија постојано се зајакнуваат, а можностите за соработка на полето на економијата се далеку поголеми од искористените и дека има простор за нови заеднички проекти.

-Во таа смисла, тие посочија дека очекуваат наскоро потпишување на Договор за стратешка економска соработка меѓу Србија и Русија и позитивно го оценија договорот што го потпишаа Петрохемија (Панчево) и Газпром, се додава во соопштението.

Во разговорот според соопштението била нагласена подготвеноста за натамошна блиска соработка меѓу Србија и Русија за целиот спектар на прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.