Путин ја затвора Русија на 10 дена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека има намера да прогласи 10 неработни дена низ цела земја, за да се стави под контрола пандемијата во таа земја, јавува АФП.

Веројатно тоа ќе се случи во мај, но не е наведено дали ќе биде почетоко, на средината или кон крајот на месецот.

Русија има пријавено над 4,7 милиони случаи на коронавирус. Денеска има над 8.800 нови инфицирани, и 398 починати. Во Русија до денеска се регистрирани вкупно 107.501 починат од коронавирус.