Путин: Колку и да е тешко, ние ќе продолжиме да се развиваме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските власти ќе продолжат да развиваат транспортни центри на Балтикот и на Далечниот Исток, без разлика колку и да е тоа тешко.

„Колку и да е тешко, ние секако ќе продолжиме со нашиот развој. Ќе ја зајакнеме транспортната и логистичката инфраструктура низ целата земја и, се разбира, на Балтикот, на нашите арктички територии, на Далечниот исток“, рече рускиот лидер на церемонијата на подигање на знамето на траектот Маршал Рокосовски.