Путин мобилизира уште 135.000 лица за војната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски граѓани за воена служба во периодот од октомври до декември 2025 година.

Документот е објавен на официјалниот портал каде што се објавени прописите и законите.

„Од 1 октомври до 31 декември 2025 година, да се изврши регрутирање на 135.000 граѓани на Руската Федерација на возраст меѓу 18 и 30 години кои не се во резерва и подлежат на регрутација за воена служба“, се наведува во документот.

Со истиот декрет се наредува и отпуштање од воена служба на војници, морнари, водници и подофицери чиј рок на воена служба истекол.

Руската влада, регионалните власти и комисиите за регрутирање се одговорни за обезбедување на спроведување на сите потребни мерки за регрутирање.