Путин ненајавено ги посети Херсон и Луганск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин бил во посета на украинската област Херсон, каде што ги посетил руските војници во таа област.

Путин присуствувал на состанок на воената команда каде воените команданти даваа извештаи. Путин го посетил и регионот Луганск. Русија минатата годниа ги анектираше Херсон и Луганск.

Руските медиуми објавуваат дека Путин се интересирал и за ситуацијата во Запорожје, за кој Москва тврди дека е дел од Русија.

Путин наводно им честитал Велигден на војниците и им подарил икона „Спасител без раце“ која како што кажал, припаѓа на еден од најуспешните министри за одбрана во Руската империја.