Путин: Руската вакцина е сигурна како и пушката Калашников

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Руската вакцина е иста толку сигурна како Калашников“, рече претседателот на Русија, Владимир Путин.

Коментарот беше даден за време на видео-конференција со вицепремиерката Татјана Голикова.Ова се случи откако здравствените власти на земјата регистрираа верзија со една доза на руската вакцина Спутник В, наречена Спутник лајт.

Споредбата на Путин се однесува на оружјето од времето на Советскиот Сојуз, кое останува популарно и широко користено до денес. Рускиот претседател цитираше коментар првично направен од австриски лекар на почетокот на оваа година за ефективноста на руската вакцина. Верзијата на Спутник В со две дози е веќе дозволена за употреба во многу делови на светот.