Путин: Се разговара за можен датум околу нови преговори со Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека претставниците на преговарачките групи на Русија и Украина разговараат за можен датум за нова рунда преговори меѓу двете земји за прекин на војната во Украина.

„Тие сега меѓусебно се договараат за времето на следната средба“, изјави Путин за новинарите во Москва по враќањето од Белорусија, пренесува РИА Новости.

На прашањето за меморандумите што ги разменија руската и украинската страна за време на последната рунда преговори во Истанбул на 2 јуни, во кои беа презентирани предлозите на двете земји за постигнување примирје, Путин рече дека Русија и Украина поднеле два спротивставени меморандуми и дека „нема ништо изненадувачки во тоа“.