Путин: Се согласуваме со предлозите за прекин на огнот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на прес конференција, по прашање за предлогот на САД за прекин на огнот, истакна голема благодарност до американскиот колега Доналд Трамп што „посветил толку многу внимание на регулирањето на конфликтот во Украина“.

Тој вели дека имало „многу прашања во врска со прекинот на огнот“ и додава дека прво треба да разговара со Трамп.

„Се согласуваме со предлозите за прекин на огнот, но нашиот став се заснова на претпоставката дека прекинот на огнот ќе доведе до долгорочен мир, нешто што ќе ги отстрани првичните причини за кризата“, вели Путин.

Путин потоа се осврна на својата вчерашна посета на регионот Курск и ја опиша ситуацијата таму како „целосно под наша контрола“.

Во такви околности, вели тој, ќе биде добро Украина да постигне 30-дневен прекин на огнот.

Тој, исто така, рече дека руските сили сега се во офанзива во сите области на фронтот.