Путин се сретна со премиерот на Ерменија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со ерменскиот премиер Никола ј Пашинјан во владината резиденција надвор од Москва.Кремљ претходно објави дека двајцата лидери планираат да разговараат за актуелните прашања од билатералните односи, како и за мерките за обновување на економските и транспортните врски во регионот.

Ерменската страна очекува и дека евентуалниот мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан ќе биде во центарот на агендата на состанокот.За време на неговата дводневна официјална посета на Русија, Пашинјан ќе се сретне и со неговиот руски колега Михаил Мишустин