Претседателот на Русија, Владимир Путин, пред денешниот телефонски разговор со амеÑ �иканскиот претседател Џо Бајден изјави дека е убеден оти е можен ефективен дијалог помеѓу Москва и Вашингтон.
– Убеден сум дека… можеме да продолжиме напред и да воспоставиме ефективен руско-американски дијалог, заснован на взаемно почитување и земајќи ги предвид националните интереси на другиот, истакна Путин.
Во меѓувреме, американски висок неименуван претставник истакна дека одговорот на Бајден ќе биде дека САД се подготвени „за дипломатија и за дипломатски напредок“.
Тоа ќе биде втор телефонски разговор помеѓу Путин и Бајден во рок од еден месец посветен на намалување на тензиите за ситуацијата со Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека двајцата лидери ќе продолжат да разговараат за прашањата што ги покренаа за време на нивниот претходен телефонски разговор. Тој додаде дека телефонскиот разговор не може да ги откаже консултациите на 10 јануари за безбедност и стратешка стабилност меѓу Русија и САД, што ќе се одржат во Женева
