Работата остана на пола во Зајас, каналите отворени – Дехари бара трпение од граѓаните, ветува решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По прекинот на работите на канализационата мрежа во Зајас, граѓаните збунети. Два месеца се работеше, а потоа работите беа прекинати, а каналите останаа отворени. Улиците останаа уништени, а состојбата е таква и во неколку дворови од куќите. Оваа состојба создаде револт кај граѓаните кои бараат решение од општината.

„Дозволете да им се обратам на жителите на Зајас, Грешница и околните населени места, да имаат трпение бидејќи се обидувам максимално како нивни градоначалник, како Фатмир и како општинска институција да ги продолжиме работите. Овој пат нема да се занимавам со речникот, туку во одреден момент пред граѓаните ќе излезам со образложение“, додаде Фатмир Дехари.

Дехари ветува дека ќе им излезе во пресрет на граѓаните и нема да дозволи зимата да ја поминат газејќи во кал и дупки.

„Доколку не успееме да продолжиме, тогаш ни останува како општинска институција, да не ја оставиме ситуацијата вака на терен, туку да преземеме конкретни чекори. Од минатата недела и овие денови сме во преговори со органите на општината и ЈКП, градиме стратегија да се излезе од оваа ситуација и да им се помогне на жителите кои не поминуваат низ добри моменти“, вели Фатмир Дехари.

Канализационата мрежа која почнува од Зајас и завршува во Другово, Кичево, е финансирана со средства од ЕУ, но компанијата од Азербејџан која го доби тендерот  се соочува со тешкотии за обезбедување грант од азербејџанската банка која веќе е во стечај. Како последица на тоа, компанијата ги прекинала работите. ТВ21 веќе два месеца чека одговор од Министерството за финансии кое е одговорно како работодавач, но до сега немаме добиено никаков одговор.