Ракета на Спејс Икс повторно се распадна за време на проба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера не успеа ниту четвртиот пробен лет на ракетата Старшип на Спејс Икс и прототипот се урна, потврди основачот на компанијата Илон Маск на Твитер.

– Нешто важно се случи за време на спуштањето, напиша тој на социјалната мрежа, по трите претходни неуспешни обиди.

– Ќе откриеме што се случило кога ќе ги истражиме остатоците подоцна во текот на денот, рече Илон Маск, додавајќи на шега: „Барем кратерот е на добро место!“

Третиот прототип на ракетата „Старшип“ на американската вселенска компанија „Спејс Икс“ експлодираше на почетокот на март по она што се изгледаше како успешен лет и слетување. Претходните две проби завршија со несреќа при слетување.