Ракетата на „Спејс-Икс“ слета, но веднаш потоа експлодира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Беспилотната ракета на американската вселенска компанија „Спејс Икс“ експлодира во средата по, како што се чинеше, успешниот лет и слетување.

Ова беше трет неуспех на прототипот на ракетата Старшип што „Спејс Икс“ се надева дека ќе го испрати на Марс еден ден. Претходните два тест лета, исто така, завршија со несреќа.

„Прекрасно меко слетување“, рече коментатор на компанијата во живо за тестот-лет, иако леталото наскоро беше зафатено со оган.

Неколку минути подоцна, ракетата експлодира, а засега нема никакво објаснување. Снимката покажува уредно слетување по летот.

Основачот на приватната вселенска компанија SpaceX, милијардерот Илон Маск, ја развива следната генерација на ракетата „Старшип“ со цел да оди на Марс и Месечината, иако два прототипа експлодираа за време на пробните летови.

Ракетата Старшип е во срцето на амбицијата на Маск да ги направи летовите во вселената подостапни за луѓето.

Последниот прототип, СН10, полета од Бока Чика, Тексас. Два претходни прототипови (SN8 и SN9) се урнаа при слетувањето.

Тест-лансирањата се одвиваат во скоро пуста област изнајмена од SpaceX во Јужен Тексас недалеку од границата со Мексико и покрај Мексиканскиот залив. Оваа област е доволно голема и празна за несреќа или експлозија да не предизвика штета или жртви.