Македонскиот ракометен шампион Вардар на претстојниот натпревар од осминафиналето во СЕХА лига против хрватски Нексе, ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој е позитивен на коронавирус.
Стоилов се чувствува добро и е во домашна изолација. Тој после вчерашниот тренинг почувствувал малаксаност, и веднаш направил тест кој се покажал позитивен.
Утрово се тестирале сите ракометари и членови на стручниот штаб, и ги чекаат резултатите за да се види дали има уште некој заразен од Ковид-19.
