Раководството на СДСМ и сите членови на ИО поднесоа оставки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од СДСМ информираат дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот на партијата, Венко Филипче – заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднеле оставки.

„Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.

Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје.

Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.

На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности“, велат од СДСМ.