Рама утре на средба со Шарл Мишел во Брисел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На покана на претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел, утре во Брисел ќе престојува албанскиот премиер Еди Рама, јавија албанските медиуми. Нивната средба е најавена за 12:30 часот.

Поканата на Мишел следува откако деновиве Рама испратил писмо до францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и до Мишел поради “неопходноста од нов, конкретен притисок од Франција и Германија, како автори на француско-германскиот план, со поддршка на САД, за што поскоро спроведување на истиот”.

Рама претходно до овие европски лидери достави нацрт- документ за формирање на Заедница на општини со мнозинско српско население на северот на Косово.

На петочната попладневна прес-конференција Рама оцени дека „работите не се нормални, нема нормалност, работите се лоши и се трудам да направам се за да се избегне најлошото“.