Рамазан повторно со полициски час?! – Филипче: Рано е уште сега да се каже

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Месец Рамазан се приближува. На 13 април верниците муслимани ќе почнат да постат. Минатата година овој месец помина со полициски час. Иако е традиција за ифтар – вечера да се поканат гости или да се отиде некаде, граѓаните поради ситуацијата со корона вирусот лани немаа таква можност. Но, дали ќе се случи истото и годинава? Дали ќе се воведе полициски час за да се спречи собирањето на граѓаните во домовите? Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека рано е да се предвиди такво нешто.

Заменик министерот за здравство, Илир Асани, вели дека ограничувањето на движењето на граѓаните во текот на Рамазан ќе зависи од бројот на заразени и притисокот врз болничките капацитети.

„Навистина не можам да кажам дали ќе има полициски час за Рамазан или не, се зависи од бројките што ќе ги имаме. Најважен не е бројот на заразени кој гледаме дека рапидно расте“, истакна Илир Хасани.

Минатата година за Рамазан имаше полициски час кој почнуваше од 16 часот и траеше до 5 наутро, а за викендите траеше и 56 часа, односно стапуваше на сила во петок, а завршуваше во понеделник наутро.