Денес, компанијата Рамсторе беше дел од настанот организиран од Кабинетот на претседателот за доделување на сертификати на учесниците во програмата “Млади менаџери и бизнис лидери”.
Ни претставува големо задоволство што Рамсторе по трет пат е дел од програмата Млади менаџери и бизнис лидери на Советот на странски инвеститори а под покровителство на кабинетот на Претседателот на Р.С.Македонија Стево Пендаровски, велат од Рамсторе.

-Веруваме дека со оваа програма им овозможивме на младите, талентирани и иновативни луѓе од Северна Македонија да ги надградат и да ги подобрат своите вештини, споделувајќи го нашето 16 годишно искуство во ретаил секторот, да ги развијат своите креативни и лидерски способности, преку предавања и обуки од областа на
лидерство, но исто така имавме можност да ги слушнеме размислувањата и знаењата на младите преку подготвка на студија на случај и нивните практични совети кои ни оставија силен впечаток, изјави Даниела Адемоска -Генерален Директор на Рамсторе
Македонија.
Би сакала да изразам голема благодарност до Н.Е. Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски за оваа прекрасна организација и неговата поддршка за препознавање на овој проект и инвестирање во него, додаде Даниела Адемоска.
