Расчистена дивата депонија кај Криволак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Расчистена е дивата депонија кај Криволак, информираа попладнево од неготинската локална самоуправа.– Општина Неготино без депонии, како предуслов за создавање чиста и здрава животна средина за сегашните и идните генерации – е мотото под кое на неколку локации во општината се одвиваа и ќе се одвиваат активности за расчистување на дивите депонии. Така, деновиве на иницијатива на локалната самоуправа се изврши комплетно расчистување на дивата депонија пред „воениот мост“ во селото Криволак, соопштија од Локалната самоуправа

Според информациите од стручните служби, притоа се собрани околу 250 мeтри кубни смет, шут, градежен материјал и друг вид отпад и истиот е транспортиран на градската депонија Бучето.– Се апелира до населението да не се фрла отпад на несоодветни места за тоа, каде што впрочем е поставена и сигнализација, бидејќи во спротивно, секој што ќе биде фатен ќе биде санкциониран согласно Законот за управување со отпад, децидни се од Општината.