Раст на авиособраќајот од 32 проценти: За 6 месеци во Скопје и Охрид повеќе од 2 милиони патници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани.

Како што изјави министерот Николоски, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии.

Во првите шест месеци од годинава над македонскиот воздушен простор имало околу 173 илјади прелети, што е зголемување од 12,2% во споредба со истиот период лани.