Најмалку седум лица загинаа при уривање на четирикатна зграда во експлозија во италијанскиот град Равануса на Сицилија.
Спасувачите и волонтерите сè уште трагаат по уште две лица кои останале затрупани во урнатините.
Експлозијата ја преживеаја две жени.
Во тек е истрага за причините за експлозијата, но се претпоставува дека била предизвикана од истекување на гас.
