Расте бројот на загинати во експлозијата на зградата во Букурешт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројката на загинати во експлозијата на зградата во Букурешт, главниот град на Романија, се искачи на три лица, а 17 се повредени.

Во експлозијата, два ката беа целосно срушени, а долните катови беа оштетени, објавија локалните медиуми.

Раководителот на единицата за итни случаи и мобилна реанимација во Букурешт, Богдан Оприца, изјави дека 17 повредени лица, од кои 12 директно од експлозијата, се префрлени во болница. Засега не е позната тежината на повредите.

Екипите ги истражуваат причините за оваа експлозија.