Расте бројот на заразени со коронавирус, 70% се со британски сој

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Расте бројот на заразени со коронавирус. Поголемиот број од новозаразените се со новиот британски сок, кој се пренесува уште побрзо. Кавадарци, Прилеп и Охрид се најризичните градови, веднаш по Скопје.


Само вчера се регистрирани 721 нов случај на Ковид-19 од вкупно 3.816 направени тестови. Но, дали Министерството за здравство размислува за воведување нови заштитни мерки? Ресорниот министер, Венко Филипче вели дека не е исклучена таква можност, но дека засега не е предвидено заострување на мерките.

Регионалниот директот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, вели дека најлошите сценарија веќе поминале. Прогнозира дека до почетокот на 2022 година пандемијата ќе заврши, но вирусот сѐ уште ќе биде присутен. Според Клуге, Европа има потреба од дополнителни превентивни мерки.

Вкупно 667 позитивни и сомнителни пациенти со коронавирус се третираат во домашните болници, а има околу 384 слободни легла, информираат од Министерството. И додека бројот на новозаразени расте, државата сѐ уште без конкретен датум – кога Македонија ќе ги добие вакцините против Ковид-19 од компаниите со кои има потпишано договор. Иако вакцини сѐ уште нема, сепак министерот Филипче ги повика постарите лица да си закажат термин за вакцинација.