Расте цената на Биткоинот – сите криптовалути во зелено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По падот на вредноста оваа недела, кој во случајот на биткоинот заврши пред два дена, пазарот на криптовалути влезе во циклус на закрепнување.

Најпознатата криптовалута на светот Биткоин денеска забележува раст на вредноста од 3,85 отсто.

Според податоците на веб страницата CoinDesk, со Биткоин моментално се тргува по цена од 35.432 долари.

Етереум од утринава бележи уште поостар раст од дури 7,18 отсто, и со него моментано се тргува по цена од 2.328 долари.