„Растот од 2,9% е преоптимистички“ – лавина реакции за предлог-буџетот за 2023-та

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Низа коментари и реакции за предлог буџетот за 2023-та година, но генерално се оценува како преоптимистички од опозицијата и некои економски аналитичари. Економистите од Фајнанс тинк велат дека растот од 2,9 % за следната година е преоптимистички:

„Finance Think проценува дека проектираната стапка на раст на БДП е оптимистичка и е со значајни изгледи да биде пониска, додека проектираната стапка на инфлацијата е под голема неизвесност и може да забалежи значајни отстапувања и во двете насоки (пониска или повисока)“, велат од Finance think.

реклама

Инфлаторен и неразвоен е велат ВМРО-ДПМНЕ предлог- буџетот за 2023-та. Обвинуваат дека СДСМ секоја година се фали дека ќе прави капитални инвестиции и градежна офанзива, но тоа завршува со ни 50% реализација. Предупредуваат дка ќе се зголеми јавниот долг.

„Ако ја погледнете структурата на БДП во третиот квардал, ќе видете дека има опаѓање во сите суштински гранки: во градежништвото, , трговијата , во преработувачкат индустрија. Ако пак го гледате индустриското производство во октмври месец кој е прв месец во 4-тиот квардат ќе збележеите дека им апад од 5, 3 % споредено со октомври 2021-ва, повторно во трите суштински гранки. Не само што нема да го постигнеме проектираниот раст кој прво беше поркетиран со буџетот, а потоа и со ребалансот, туку ќе одиме многу подоле“, рече Христијан Мицкоски.

реклама

Сепак оптимизамот кај СДСМ постои и денеска потсетија дека со буџетот за 2023 година ќе се обезбеди сигурност, стабилност и нов пат за економски раст.

„Со Буџетот за 2023 година обезбедуваме сигурност, стабилност и нов пат за економски раст. Во изминатите 10 месеци успеавме да ја спасиме македонската економија и во ек на најголема криза да им помогнеме на граѓаните и компаниите. Со економските политики за наредната година преточени преку буџетот антикризните мерки ги комбинираме за повторен економски раст“, рече Дарко Каевски од СДСМ.

реклама

За пензионерите се предвидени 120 милиони евра повеќе од лани. 250 милиони евра за антикризни мерки. 57,5 милиони евра повеќе за општините. 63 милиони евра повеќе за здравствени услуги.800 милиони евра за капитални инвестиции, како водоводи, патишта, улици, училишта, градинки. 52,3 повеќе капитални расходи од 2022. Раст од 5% за плати каде е вклучено и зголемувањтео на минималната плата.

реклама
реклама
реклама