Државниот секретар Ентони Блинкен и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, денеска разговара телефонски а една од темите билa и Западен Балкан, соопшти Стејт департментот.
Двајцата повторно ја истакнале цврстината на билатералните односи меѓу двете земји како и поддршката на сојузниците во однос на кризната ситуација околу Украина
-Тие ја истакнаа важноста од солидарност во промоција на стабилноста во Европа, вклучувајќи ја поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во лице на руската агресија, изјави портпаролот Нед Прајс.
Се додава дека се дискутирало и за засилување на инвестициите меѓу САД и Грција, како и тоа да се промовира мир и просперитет во источениот Медитеран и на Западен Балкан.
