Ви доаѓаат гости, а вие сте заборавиле да го разладите пијалокот? Тогаш користете некој од советите на Дан Маршал, автор на книгата „Животни трикови, работи кои ќе ви го направат животот полесен“.
Првиот трик е да натопите пешкир во вода, и во него да го ставите пијалокот, а потоа да го ставите во замрзнувач. За 15 минути пијалокот ќе биде освежувачки ладен.
Маршал има и корисен трик како да го разладите, а да не го разводнувате со мраз: замрзнете неколку зрна грозје и ставите ги во чашата со пијалок. Кога ќе се одмрзне грозјето, нема да се стопи и да го разводни пијалокот.
