Разрешен Арбен Зибери – Филипче: Никој не треба да ја политизира работата на Комисијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, остана без директорското столче. Министерството за здравство преку службен мејл го известил за неговото разрешување и информираше дека на негово место е именуван епидемиологот Александар Стојанов.

„Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот“, велат од Министерството за здравство.

По разрешувањето на Зибери, се произнесе и министерот за здравство, Венко Филипче. Вели дека одлуките на Комисијата за заразни биле секогаш биле засновани на научни и здравствени сознанија, додавајќи дека никому нема да му дозволи за политички поени да ја политизира професионалната работа на комисијата. 

Арбен Зибери со контра-одговор за министерот Венко Филипче, велејќи дека неговото разрешување е голема срамота.

„Ѝ служев на земјата и на граѓаните, верно и со голема посветеност. Сите што ме познаваат мене и мојата работа, го знаат тоа. За жал, министерот за здравство и СДСМ од чии редови доаѓа тој, избраа да го ограничат моето право на говор и кренаа во одмаздувачка кампања. Однесувањето на СДСМ е голем срам. Јас очекував поголем интегритет и поморално однесување од луѓето кои се стремат кон водење на земјата!“, истакна Арбен Зибери.

Разрешувањето на Зибери следува откако тој на неговиот профил на Фејсбук напиша дека како член на Комисијата за заразни болести влијаел да се отворат границите без услови, со цел печалбарите да можат да се вратат дома и за гласаат за кандидатот  за премиер кој го предложи неговата партија.