Разрешен директорот на кумановската болница – Таравари: Секој кој греши ќе одговара пред правдата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на кумановската болница излезе од неговата канцелари откако преку медиумите слушна дека е разрешен од раководната функција во оваа болница, каде во понеделникот почина 32 годишниот, Ведат Адеми.

Пред да замине, тимот на ТВ21 го праша дали чувствува одговорност за оваа трагедија! Тој рече дека обвинителството ќе ги открие сите детали, тврдејќи дека си заминува за да не ја попречува истрагата.

Министерот за здравство, Арбен Таравари по потпишувањето на одлуката за разрешување на директорот отиде во Куманово.

Рече дека по добивањето на извештајот од Државниот санитарен инспекторат веднаш постапил, но не откри детали кои се пропустите на лекарот и медицинскиот персонал што довеле до смрт на пациентот од анафилактичен шок, кој го откриле при вонредниот увид.

„Утре, по неколку консултации што ќе ги имам со мојот тим во министерството, верувам дека ќе го именуваме новиот директор на кумановската болница. Во меѓувреме, стручниот тим од лекари составен од 5 медицински експерти ќе ги анализира сите документи и истите ќе бидат доставени до Обвинителството. Понатаму за стручната одговорност на лекратие е обврска на истражните органи и судот. Верувам дека секој што ќе згреши и во организирањето на болницта, но и во третманот на пациентите, ќе одговара пред органите на правдата“, вели Арбен Таравари.

Во меѓувреме, министерот за здравство му изрази сочувство на семејството на починатиот. Таравари вети дека одговорните ќе одговараат за загубата на животи. Рече дека ќе побара од Лекарската комора да му се одземе лиценцата за работа на Георгиевски. Воедно потенцираше дека е во комуникација и со директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станов, при што го увери семејството дека извештајот од обдукцијата ќе биде 100% сигурен. Во текот на денот се обидовме да контактираме со д-р Зоран Ѓеорѓиевски, но тој одби да разговара со нас. Според информациите, тој земал еднонеделен одмор од работа.