Разрешена врховната судијка Лидија Неделкова

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судскиот совет на седница ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова. По расправата, мнозинството гласаа за разрешување на Неделкова.

Постапката против судијката Неделкова се водеше по претстапка од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.

Неделкова коментираше дека претставката не била поврзана со непостапување по одреден предмет, туку поради нетрпеливост околу еден случај.

„Се работи за една од повеќето пријави кои поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ми ги поднесуваше поради нетрпеливост околу еден случај. Таа постапка нема никаква врска со некакви предмети или незаконско постапување“, изјави Лидија Неделкова на крајот на јануари.

Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Во петокот Судскиот совет ја одбра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.