По изјавите на Здружението на информатичко-комуникациски технологии вчера дека едногласно имаат одлучено да го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори, за што се обединети сите оператори, денеска со реакција излезе Македонската медиумската асоцијација.
Претседателот на Асоцијацијата, Атанас Кировски, рече дека операторите покажуваат ниска општествена одговорност со ваквите апсурдни најави, уште повеќе сега кога Владата бара од медиумите да известуваат за коронавирусот или за добивањето датум.
Тој верува дека операторите ќе ја разгледаат нивната одлука и дека државните институции ќе интервенираат. Кировски го обвини директорот на Агенцијата за медиуми, Зоран Трајчевски, за манипулативни изјави и главен причинител за овој проблем бидејќи не направив ништо за да се реши оваа прашање, затоа побара негова оставка.
Дознавме дека техничкиот премиер Оливер Спасовски, денеска ги поканил сите кабелски оператори за да разговараат и да најдат заедничко решение.
