Реакции на европските лидери по средбата Трамп – Зеленски: „Украино, со тебе сме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После „фијаското“ на средбата помеѓ Доналд Трамп и Володомир Зеленски во Белата куќа, се огласија европските лидери кои застанаа на страната на украинскиот претседател.

Реагираа премиерите на повеќето држави, и застанаа во одбрана на Украина, со исклучок на Орбан кој се заблагодари на Трамп.

Премиерот на Шпанија објави поддршка за Украина.

„Украино, Шпанија е со тебе“, стои во објавата на премиерот Педро Санчез.

„Зеленски и Укранците не се сами“, напиша полскиот премиер Доналд Туск.

Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека синоќа имал телефонски разговор со Трамп и Зеленски.

„Тој ја потврди непоколибливата поддршка за Украина и ќе ја одигра својата улога во отворањето на патот за траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина, изјави портпаролот на британската Влада“, рече порпаролот на британската Влада.

Европската Унија му испрати охрабрувачка порака на Зеленски.

„Бидете силни и храбри не се плашете. Ние ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир, објавија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на Икс.

Макрон објави дека Русија е агресов, а нападната е Укаина. Реагираше и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Украина не е сама. Германија заедно со европските сојузници стои обединета покрај Украина и против руската агресија“, објави Бербок.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа му се заблагодари на Трамп затоа што „храбро се заложил за мир“.

– Силните луѓе прават мир, слабите војуваат. Претседателот Доналд Трамп денеска храбро се заложи за мир. Дури и ако тоа е тешко за многумина да го проголтаат. Ви благодариме, господине претседателе, објави Орбан на Икс.