Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, реагираше на својот профил на „Фејбук“ по повод вчерашното спроведување на пратеник сомнителен на Ковид-19 во Собранието, за да гласа за избор на новата Влада.
„Вечерва владеачкото (во тој момент уште неизгласано) мнозинство внесе пратеник во Собранието на Република Македонија, болен или сомнителен на Covid-19, само неколку минути пред полноќ! Во непозната просторија само за да гласа. Бевме известени буквално 2 минути пред гласањето за избор на Влада. Неколку работи ме интересираат:
-Ако и болен со треска може да влезе во Собранието зошто тогаш на влез на сите ни мерат температура?
-Дали службите мене или било кого од опозицијата ќе не пуштеа внатре во Собрание, ако имавме температура или било какви симптоми исто како него?
-Ако не, тогаш како е тој пратеник над другите 119 пратеници?
-Дали ако во иднина 2, 5, или 10 пратеника од владејачкото мнозинство заболат од Covid-19 планираат да ни ги носат во Собранието по непознати простории да гласаат, само да се одржат на власт?
Владата му диригира на Собранието што сака и е спремна здравјето на сите пратеници и собранискиот персонал да го стави на ризик, само за да продолжи да владее. Се соголовите уште првиот ден“, напиша Крмов.
Вечерва владеачкото (во тој момент уште неизгласано) мнозинство внесе пратеник во Собранието на Република Македонија,…
Posted by Борислав Крмов on Sunday, August 30, 2020
