Реал Мадрид го потврди Чаби Алонсо за нов тренер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најтрофејниот фудбалски клуб во Лигата на шампионите, Реал Мадрид го потврди Чаби алонсо за свој нов тренер. Алонсо досега го водеше Баер Леверкузен, тим со кого ја освои историската прва шампионска титула во историјата на клубот во Германија, и тоа без пораз. Го освои и Купот на Германија, а играше и во финалето на Лигата на Европа.

Алонсо потпиша тригодишен договор со „кралевите“, и доаѓа на местото на Карло Анчелоти, кој седнува на клупата на бразилската репрезентација.

Алонсо во минатото како играч го носеше дресот на Реал Мадрид, а беше тренер и во младинските категории на клубот пред да замине во Германија.

Утре на пладне е планирано и официјалното претставување на Алонсо, односно ќе има и прес-конференција.