Реал Мадрид „преживеа“ во ЛШ по пенали, ова се четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва се комплетираа сите учесници во 1/4 финалето во фудбалската Лига на шампиони.

Најдраматично беше на мадридското дерби, на кое победникот го одлучуваа пенал рулетот, кој го доби тимот на Реал Мадрид, и така ќе има можност да ја брани европската титула освоена минатата година. По пенал серијата беше 4-2 за „кралевите“ и така стигнаа до 1/4 финале каде ќе играат против Арсенал.

Астон Вила и во вториот меч го совлада Бриж со 3-0, и со вкупни 6-1 се пласираше во следната фаза. Головите за англискиот тим ги постигна Асенсио, кој стрелаше двапати, и еднаш погоди Матсен.

Арсенал одигра 2-2 против ПСВ Ајндховен, но и тоа беше доволно за пласман во четвртфиналето, после оние импресивни 7-1 по првиот меч во Ајндховен.

Во четвртфиналето е и Борусија Дортмунд, која со пресврт успеа да победи на гостувањето кај францускиот тим Лил со 1-2, и така со вкупни 3-2 да се пласира меѓу најдобрите осум тимови.

Вчера во четвртфиналето се пласираа Баерн Минхен, Интер, ПСЖ и Барселона, со што станаа и познати кои ќе бидат 1/4 финалните двојки.

ЛШ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Барселона – Борусија Д.

Баерн М. – Интер

Арсенал – Реал Мадрид

ПСЖ – Астон Вила