Освен канализацијата, за која се потребни 20 милиони евра, реализирани се околу 90% од ветувањата за Врапчиште, уверува градоначалникот Исен Шабани.
„Освен канализацијата, сѐ друго од програмата е реализирано. Над 90% можам слободно да кажам“, рече градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани.
Но, поранешниот градоначалник на Врапчиште, сега пратеник на ДУИ, Бајрам Кадрија изрази сомнеж, додавајќи дека 80-90% од сработеното е продолжение на работата на ДУИ.
„Едно – урбанистичките планови беа продолжение. Поставувањето бекатонки на улиците исто така, спортската сала во Добри дол беше продолжение, трите филтер станици се продолжение… “, истакна поранешниот градоначалник на врапчиште, Бајрам Кадрија.
Една од пожестоките теми на кои дебатираа соговорниците беше продавањето на државното земјиште. Кадрија обвинува дека им било продадено на роднините на вработените во општината, но Шабани уверува дека продажбата е направена согласно законот и со јавна аукција.
Б.К: Две големи парцели им се продадени на двајца сопственици од Гостивар чија ќерка беше вработените во о.Врапчиште.
И.Ш: Не е точно. Има име и презиме кој ги купи.
Едно од бројните прашања кои гледачите му ги поставија на првиот човек на Врапчиште беше и за патот во селото Калиште, проект кој, како што рече Шабани, самиот тој го повлекол по барање на екс-министерот за транспорт, Сугаревски.
„Отидов и искрено ми објасни дека проектот е стар, уште од 2008 година и дека не е ревидиран ревидирање. Разгледав, не беше ревидиран, проектот немаше дозвола за градба и дојдов до заклучок да го повлечам“, додаде Шабани.
„Тоа е желбата на министерот, кој е од партијата, од СДСМ, – повлечи едно Ваше село, ставете наше за да се направи пат кој не е толку важен како патот во селото Калиште“, посочи Кадрија.
Шабани потврди дека ќе „трча“ за уште еден мандат за Врапчиште, а неговите очекувања се дека на изборите во октомври албанската опозиција ќе победи во 6 општини во Полог.
Кадрија не зборуваше околу можните победи или порази, само рече дека се надева дека ќе запре деградирањето на Врапчиште.
Кон крајот на емисијата, градоначалникот Шабани му порача на Кадрија – тој и функционерите на ДУИ да не одат и сечат ленти во општината за работи кои ги завршил некој друг.
„Ние што ги реализираме работите, ние ќе ги сечеме. Не одете кришум во 9 часот наутро в недела… Некогаш ниту семафорите во Скопје не работат в недела во 9 часот, а вие доаѓате и сечете ленти во Градец… немојте Ве молам… “.
